101
19-годишниот бразилски фудбалер се повреди на мечот против Гранада пред два дена, теренот го напушти во 38. минута од натпреварот.
Неизвесно беше за каква повреда станува збор, по сите направени медицински тестови денеска дојдоа резултатите од медицинскиот тим. Родриго има повореда на задната ложа на ногата и ќе паузира околу три месеци.
Тоа значи дека тој ќе пропушти голем број на натпревари вклучително и мечевите против Аталанта во осминафиналето во Лигата на шампионите.