На 37 години почина легендарниот Максим Цигалко, херојот на оние кои играа „Фудбал менаџер“

by
1 минути читање

Максим Цигалко имаше легендарен статус кај играчите на популарната „Чемпионшип менаџер“, подоцна „Фудбал менаџер“, па веста за неговата смрт натажи милиони играчи.

Напаѓачот кој е роден во Минск важеше за огромен фудбалски талент, за малку пари можеше да се купи, па речиси сите кои ја играа играта барем во некој период го имаа во своите тимови.

Немаше поисплатлив играч од него за вложените пари, прераснуваше во врвен напаѓач, даваше многу голови, речиси секогаш беше најдобар стрелец, за многумина тој беше најдобриот фудбалер на играта на сите времиња. Заработи култен статус.

Во реалниот живот не го исполни потенцијалот кој го имаше, најпрво играше за Динамо Јуни, од каде премина во Динамо Минск каде се задржа четири сезони, потоа го облече дресот и на Нафтан, Каисар, Бантантс и Савит Могилев, имаше и два настапи за белоруската репрезентација. 

Кариерата ја заврши на 26 години поради многуте повреди кои ги имаше. Потоа велат дека почнал да работи како столар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×