406
Фенербахче
направи одлична зделка со Елиф Елмас, го купи за само 180.000 евра (тренинг
компензација платена на Работнички), а го продаде на Наполи за 16 милиони евра.
На „жолто-сините“
им беа ветени и бонуси, а медиумите од Турција пренесуваат дека се исполнети
условите за исплата на дополнителни 1,5 милиони евра.
Елиф Елмас против
Торино во средата го забележа настапот број 50 во дресот на „наполитанците“ па
со тоа се активирала клаузулата.
Фенербахче сега го
чека вториот дел од бонусот, треба да добијат 1,5 милиони евра доколку Наполи
го продаде Елиф Елмас.