Бенитез објаснува зошто си замина од Њукасл: Мајк Ешли нема амбиција, не се грижи за тимот, важно му е само да прави профит

by
2 минути читање

Бенитез во 2016 го превзема кормилото на Њукасл кога тимот беше во Чемпионшип, тој го освоои првото место и го врати во Премиерлигата каде со него завршуваа на 10. и на 13. место. По што тој во 2019 година си замина кога истече неговиот договор.

Во интервју за „Атлетик“, Рафаел Бенитез ја објаснува целата ситуација со Њукасл.

„Немав друга опција освен да заминам. Мајк Ешли не сакаше да има проект ниту да го искористи потенцијалот на клубот“, вели Бенитез.

„Кога го имавме последниот состанок, се уверив дека нема да има инвестиции во академијата или во тренинг центарот. Видов дека нема надеж за да биде направен прогрес, да се подобри нешто во клубот. Тие не сакаа да инвестираат. Тие не сакаа да направат проект со кој ќе го искористат големиот потенцијал кој го има клубот. Целта им беше само да останат во Премиерлигата“.

„Во тој момент тие знаеа дека јас нема да прифатам да останам. Им кажав дека си ја чистам канцеларијата и си заминувам“.

„Можам да го разберам нивниот став дека ги интересира да останат само во Премиерлигата, но требаше тоа да ми го кажат порано, а не да играат игри. Тоа е тоа“.

„Мајк Ешли е бизнисмен кој мислам дека не се грижи навистина за тимот. Тој сака само да бидат во Премиерлигата и да прави профит. Го направивме тоа. Се што се очекуваше направивме. Го задржавме тимот во лигата и завршивме на 10. и 13. место креирајќи структури за да продолжиме да напредуваме“.

„Во јануари, годината пред да си заминам, тие рекоа дека може да потпишам продолжување на договорот, јас им реков, во ред но донесете ми ги ифудбалерите кои ми требаат, покажете ми дека навистина ви е важно да напредуваме. Го потпишавме Мигуел Алмирон во последен момент. Игравме против Манчестер Сити и јас требаше да држам тимски говор со фудбалерите кога ми се јавија и ми рекоа: „Слушај, фановите се многу нервозни, треба да кажеш дека потпишавме со Алмирон“. За мене, тоа не е начин на кој работите треба да функционираат. Можев да видам дека немаат амбиција“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×