Првата ѕвезда на
Барселона, Лионел Меси верува дека чуварот на мрежата од голот на Атлетико
Мадрид, Словенецот Јан Облак е еден од најдобрите на својата позиција во светот
на фудбалот во моментов, Аргентинецот додава дека ужива во ривалството со него
на теренот.
„Убаво е да се
игра против таков голман како него, тој е еден од најдобрите на таа позиција во
светот на фудбалот во моментов, секогаш е убаво да се борите за победа против
најдобрите“ рече Меси.
„Голема е
мотивацијата да се игра против такви како Облак, голема е мотивацијата да се
обидете да постигнете гол, знаејќи колку е тешко да се постигне тоа, тој се
развива во се’ подобар од
натпревар во натпревар“ додаде Аргентинецот.
„Така, одлично е
да се има таков ривал на теренот, сето тоа го прави натпреварот уште
повозбудлив“ заклучи Меси.