Поранешниот
англиски фудбалер Тим Шервуд верува дека Тијаго Силва е најдоброто засилување
на Франк Лампард во Челси, откако „Сините“ од Лондон потрошија над 200 милиони
фунти на трансфер пазарот, а ги доведоа уште и Каи Хаверц, Тимо Вернер, Хаким
Зијеш, како и Бен Чилвел.
Чилвел веднаш се
адаптираше во Челси, но по потешкиот пат тргнаа Вернер, Хаверц, па и Зијеш кој
се повреди, а Силва за брзо стана мошне значаен во дефанзивната линија на
составот предводен од Лампард.
„Едно нешто е
сигурно, Тијаго Силва е неговото најдобро засилување, а во тоа воопшто не се
сомневам, не само што е одличен фудбалер со големо искуство, тој истовремено го
прави и својот партнер во одбраната Курт Зума да биде подобар“ смета Шервуд, а
потоа коментираше и за останатиот дел од тимот на Челси, поточно во одбраната.
„Сметам дека
Чилвел и Џејмс се фантастични на своите позиции, Канте во моментов игра на една
доста коректна позиција за него“ додаде Шервуд.