По трансферот во
Милан, Златан Ибрахимовиќ живее сам во Милано, неговото семејство е во Шведска.
„Ми недостасува
семејството, ми недостасува многу. Изморен сум, не можам да издржам повеќе.
Сакам да ги видам мојата сопруга и моите деца Максимијан и Винсет, кој имаат 14
односно 13 години и живеат во Шведска“ – вели Ибра.
„Се обидувам да
ги видам од време на време, но Пиоли ми вeли дека не можам да патувам и дека
имам семејство во Миланело. Ми вели дека имам две деца во Шведска, но и 25 во
Милано“.
Запрашан дали
полудува кога соиграчите ќе погрешат во додавањето, тој вели: „Да, секогаш,
дури и на тренинг“.
Запрашан што се
случува кога тој ќе погреши, тој додава: „Јас никогаш не грешам“.