Лидс загуби со 6-2 од Манчестер јунајтед, а Биелса 40 минути објаснуваше дека неговиот тим бил подобар

by
2 минути читање

Може да се
констатира дека Лидс на одличен начин тргна во новата сезона во Премиерлигата,
откако се врати во елитното фудбалско друштво на Островото по цели 16 години,
па така избраниците на Марсело Биелса на 14 натпревари успеаа да запишат пет
победи, две ремија и седум порази, со што се на седум бода од опасната зона.

Откако славеа
убедливо со 5-2 над Њукасл на домашен терен, Лидс забележа убедлив пораз кај
Манчестер јунајтед со 6-2, а фаворитот имаше водство од 4-0 по 37 минути игра,
по што се надзираше дебакл за гостите кои на крајот си заминаа со не така
убедлив пораз.

Биелса дури 41
минута (Островјаните до детали пресметаа) објаснуваше на денешната пресконференција дека неговиот состав бил
подобар од Манчестер јунајтед и покрај конечниот исход на таа пресметка, а
Аргентинецот ги одби критиките за слабата игра во дефанзивната линија на
неговиот тим.

Прашањата
адресирани до фудбалерите најмногу се обидуваат само да донесат слабост во
стилот на играта кој го негуваме, дури некои одат дотаму што сугестираат кон
фудбалерите да побараат од мене да го променам стилот на игра
“ рече Биелса
откако беше запрашан како неговиот тим ќе ја подобри играта во одбраната.

Откако го
анализирав натпреварот, како и согледувајќи ги вистинските причини за поразот,
тоа не е земено во предвид, ова не е нешто ново како медиумските платформи,
сево ова може да донесе само анализи на резултатите
“ додаде Аргентинецот, за
потоа да се осврне на статистики за да докаже дека Лидс бил подобар.

Од физички
аспект, Манчестер јунајтед го одигра најдобриот натпревар сезонава, а Лидс беше
супериорен од тој аспект, имавме доминација во однос на поседот на топка (59%),
немаше некоја чиста доминација на теренот од другите аспекти на играта
“ заклучи 65 годишниот фудбалски
стратег.

Лидс во 14
натпревари во Премиерлигата успеа да прими дури 30 гола во сопствената мрежа,
повеќе од било која друга екипа во моментов, втор по тој негативен биланс е
само ВБА со 29 примени голови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×