Утрово на големо
изнандување беше објавено дека ПСЖ му врачил отказ на Томас Тухел. Иако разделбата
се уште официјално не е потврдена, се говори дека Маурисио Покетино ќе биде нов
тренер.
Ваквиот развој на
настаните им создава проблеми на Флорентино Перез и Реал Мадрид.
Според пишувањата
на АС, Маурисио Покетино бил желба на „кралевите“ за тренерското столче и
транзицијата од Зинедин Зидан до Раул.
Ќе има и
последици при настапот на трансфер пазарот и првата желба Килијан Мбапе. Се
говори дека една од ветувањата што ПСЖ му ги дале на Маурисио Покетино е
останување на Французинот.
„Кралевите“ се
надеваа дека Килијан Мбапе нема да стави потпис на нов договор и со тоа ќе им се
отвори вратата за зделка под поволни услови. Но со смената на тренерот, големи
се шансите сето ова да падне во вода, и најдобро сценарио би било играчот да ја
продолжи верноста кон ПСЖ со про-Мадрид клаузула.
Но и во овој
случај трансферот ќе биде тешко остварливи во време на коронавирус криза,
клаузулата би изнесувала околу 250 милиони евра.