Тренерот на
Наполи во последно време ги извршува своите должности со преврска на десното
око. Џенаро Гатузо пати од мијастенија гравис (невромускулна болест) која кај
него се манифестира во окуларна форма.
По синоќешното
реми од 1-1 против Торино, стратегот реши да проговори повеќе на оваа тема.
„Боледувам веќе
десет години, ова е трет пат како сум погоден и тоа прилично тешко. Но се ќе
помине, окото ќе се врати во нормала. Гледам двојни слики, тешко ми е да
стојам, исцрпен сум 24 часа… само лудак како мене може да продолжи да работи“
– вели Џенаро Гатузо.
„Секако дека не
сакам да искусувам вакви моменти, но се помирувам бидејќи има многу полоши
работи во живтот“.
„Знам дека на
играчите не им е лесно да ме гледаат ваков. Знам дека има луѓе кои мислат дека имам
уште еден месец од животот, но ве уверувам дека не е така“.
„Ако веќе треба да се
умре, ќе умрам на теренот“.