451
Хари Винкс погоди речиси од половина терен против Лудогорец, но по мечот призна дека сакал да му нафрли на Бејл, а не да даде гол.
„Не, не немав намера да шутирам, сакав да му нафрлам на Герет Бејл“, одговори Винкс со насмевка запрашан дали шутирал или додавал.
Мурињо потоа се надоврза.
„Кога ќе постигнете таков гол, треба да речете дека сте планирале да шутирате. Но Винкс е искрено момче. Да дадев јас таков гол, ќе речев дека сум сакал да го направам тоа и ќе ја добиев Пушкаш наградата“, беше реакцијата на Мурињо.