Тензично било во
соблекувалната на Наполи по поразот од Милан во неделата, барем така пишува Кориере дело
Спорт.
По крајот на
дуелот, Џенаро Гатузо изрази незадоволство и рече: „Не им пристапуваме на
натпреварите со права одлучност. Го зборувам ова веќе четири месеци. Не ми се
допаѓа однесувањето кое го гледам. Мораме да го корегираме ова што е можно
поскоро“.
КДС вели дека тренерот
продолжил со критиките и во соблекувалната, настанала жестока расправија со
играчите, се дискутирало на повишен глас а во еден момент Џенаро Гатузо дури се
заканил и дека ќе си оди.
Сепак, Наполи
веднаш излезе со демант и порача дека нема вистина во ваквите написи.
„Во текот на
вчерашниот и денешниот ден, во дел од веснциите се појавија написи кои се измислени
и кои говорат за наводна жестока расправија помеѓу играчите на Наполи и Рино
Гатузо. Нема никаква вистина во сето ова“ – порача клубот од Сан Паоло.