240
Пред неколку дена
беше објавено дека Манчестер Сити нема да тргне по потписот на Лео Меси, неговата
возраст и високата плата се причина „граѓаните“ да се насочат кон други
трансфер цели.
Но според
пишувањата на Тајмс, Манчестер Сити не се откажува од идејата да го ангажира
Аргентинецот. Весникот вели дека на напаѓачот ќе му биде презентиран
десетгодишен план.
Лео Меси неколку години
ќе го носи дресот на Манчестер Сити а потоа ќе одбере еден од осумте клубови кои
се дел од „Сити фудбал груп“, каде најзвучно име е Њујорк Сити.
По крајот на
фудбалската кариера, Аргентинецот ќе добие улога на амбасадор и ќе треба да
помогне за промоција на брендот.