На Манчестер Сити не му оди оваа сезона, а лоши беа и лани кога не освоија ниту една титулата. Пеп Гвардиола не го штеди клубот, па и покрај сите пари кои ги потрошија изминатото лето, особено за дефанзивци, сега бара засилување и во офанзивата.
Тој прво се советувал со Де Брујне, а потоа побарал од раководството да му го купат Џек Грилиш.
Грилиш игра одлична сезона, а имаше и импресивни настапи за Англија против Белгија. Токму затоа Гвардиола го прашал Де Брујне што мисли за Грилиш.
Де Брујне му рекол дека бил импресиониран од изданието на Грилиш за англиската репрезентација и тој е фудбалер кој Сити мора да се обиде да го купи.
Цената на Грилиш изминатото лето беше околу 70 милиони фунти, но сега се верува дека Астон Вила нема да го продаде под 100 милиони фунти.