Денот кој тешко дека ќе се повтори: 15 години од фудбалската магија на Роналдињо за која доби аплауз на Бернабеу (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Пред ерата на
Кристијано Роналдо и Лео Меси, Роналдињо беше фудбалскиот волшебник. Бразилецот
во топ форма беше незапирлив, а партија за паметење му е дуелот против Реал
Мадрид на Сантијаго Бернабеу.

Барселона со 0-3
славеше на гостувањето кај својот лут ривал, а Роналдињо имаше свое шоу со два
погодока.

По еден час игра,
Роналдињо тргна од својата половина, елегантно го исфрли Рамос од игра, Елгера
не знаеше што го снајде а Касиљас немоќно гледаше како се тресе неговата мрежа.

Во 77. минута Дињо
тргна во нов продор, лесно се ослободи од Рамос и рутински пласираше на
подалечната статива.

И додека Икер
Касиљас во неверица мафташе со главата, публиката на Сантијаго Бернабеу стана и
со аплауз ја награди фудбалската магија на Роналдињо
. Тешко дека ќе видиме повторно како
навививачите на Реал Мадрид му се поклонуваат на играч од лутиот ривал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×