Кедира флертува со Премиерлигата: Отсекогаш сум сонувал да играм таму

by
1 минути читање

Кедира не игра под водство на Пирло, тој тренира со Јувентус но одбива да потпише нов договор, актуелниот му истекува по крајот на оваа сезона.

За „Скај Германија“, Кедира зборува колку ја сака Премиерлигата.

„Кога бев дете, сон ми беше да заиграм во Премиерлигата. Навистина сум среќен и задоволен со мојата кариера досега но една работа ми недостасува бидејќи секогаш сум сонувал за тоа и никогаш не сум го остварил засега, да бидам дел од Премиерлигата“, вели Кедира.

„Имам изгледано толку многу мечеви од Премиерлигата како дете, дури и сега многу ја следам лигата во Англија“.

„Сум уживал кога со моите клубови сум играл во Лигата на шампионите против англиски клубови. Атмосферата, стилот, идејата за фудбал, отсекогаш ме импресионирале. Доколку има можност да ми се оствари сонот, ќе ми биде чест да играм во Премиерлигата“.

Кедира вели дека Мурињо е неговиот најдобар тренер, со него соработуваше во Реал Мадрид, но би играл и за Карло Анчелоти.

„Мурињо е најдобриот тренер со кој сум работел. Тоа е така поради неговата личност. Секогаш е искрен, директен, јасен во тоа што го кажува и одличен тренер. Многу луѓе за него зборуваат дека е премногу дефанзивен, но тој е победник, шампион. Затоа ме импресионира најмногу“.

„Навистина уживав да работам со Мурињо, но има и многу други тренери со кои би работел. Никогаш не би му рекол не на Жозе Мурињо, но тоа не е единствениот за кој би сакал да работам“.

„Има многу тренери, дури и во Премиерлигата кои ги почитувам многу. Анчелоти прави одлична работа во моментов, тој е еден од тренерите кои ме импресионираат“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани