Берарди со атрактивен гол ја однесе Италија на Ф4 (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Италија, Белгија,
Франција и Шпанија ќе разигруваат за титулата од второто издание на Лигата на
нации. „Аѕурите“ се последниот патник на Ф4 откако вечерва со 0-2 триумфираа на
гостувањето кај БиХ и го обезбедија првото место во својата група.

Белоти на
средината од првото полувреме донесе водство од 0-1, а Берарди со атрактивен
гол во 68. минута ги реши сите дилеми.

БиХ од претходно
знаеше дека се сели во Лига Ц, па овој пораз практично и да не значи ништо за
домаќините.

На вториот натпревар
од групата, Холандија во финишот направи пресврт и со головите на Депај и
Вајналдум стигна до триумф од 1-2 на гостувањето кај Полска. Но победата е
пирова и недоволна за првото место.

Англија го испрати
Исланд во Лига Ц со убедлива победа од 4-0, додека пак Белгија го потврди
првото место со триумф од 4-2 над Данска.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани