Клаудио Лотито
очигледно не трпи критики. Првиот човек на Лацио оваа неедла го навлече гневот
на Луис Алберто откако се пофали дека купил авион. Се работи за Боинг кој е
целосно брендиран со боите и логото на клубот.
На Шпанецот не му
се допадна ова со оглед на тоа дека се бара од играчите да прифатат помала
плата за да се преброди коронавирус кризата.
„Дали го видов
авионот? Да, видов дека купуваат работи но нас не не плаќаат“ – гласеше еден
пост на Луис Алберто.
„Го видов
авионот, потрошиле многу пари, но за нас нема плата“ – гласеше друга порака.
Според пишувањата
на „Ил Темпо“, Луис Алберто ќе биде удрен по џеб и ќе треба да плати глоба од
70.000 евра. Но тоа не е се, Шпанецот може да биде ставен на трансфер листа и
да биде продаден. Се шпекулира дека Евертон и Севиља пројавуваат интерес.