Ибрахимовиќ промаши пенал, но го спаси Милан од пораз во 93. минута (ВИДЕО)

by
1 минути читање

И по седмото коло во Серија А, Милан не ја почувствува горчината на поразот, но не дојде до резултатот кој го посакуваше против Верона.

Натпреварот почна лошо за Милан, Верона поведе уште во шестата минута со гол на Барак, а во 19. несреќниот Калабрија си постигна автогол за 0-2.

Осум минути подоцна автогол и на спротивната страна, Мањани си ја затресе сопствената мрежа, Милан намали на 1-2.

Во 65. минута Ибрахимовиќ имаше шанса од пенал да израмни, но шутираше високо на голот.

Швеѓанецот очајно посакуваше да се искупи за промашувањето, ја погоди и пречката од голот, а конечно во 93. минута постигна гол со глава за конечни 2-2.

По седум одиграни кола Милан е прв во Серија А со 17 бодови, два повеќе од Сасуоло, три од Наполи и Рома, а четири од Јувентус.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×