Ливерпул,
Манчестер Сити, ПСЖ и Јувентус е четирите клубови кои сериозно се
заинтересирани за услугите на Давид Алаба кој ќе биде слободен играч на
трансфер пазарот идното лето, доколку не се промени ништо во однос на
ситуацијата со Баерн Минхен, каде речиси да нема дилеми дека нема да дојде до
продолжување на соработката.
Алаба уште во
јануарскиот преоден рок ќе може да преговара со заинтересираните страни,
меѓутоа, „Билд“ пишува дека претходно наведената четворка од гиганти би можела
да остане со празни раце, бидејќи 28 годишниот фудбалер ги преферира Реал
Мадрид или Барселона.
Обата шпански
гиганти сигурно ќе одат до крај во битката за потписот на Алаба, особено по
корона кризата која сериозно допре до нивната каса, па Алаба е повеќе од
одлична опција во една таква ситуација.
Алаба е дел од
Баерн Минхен од 2008. година, а бекот јавно го искритикува клубот за начинот на
кој постапи во однос на ситуацијата со неговиот договор откако од клубот се
повлекоа од евентуално решение, Австриецот во дресот на „Баварците“ освои девет
титули во Бундеслигата, шест во националниот куп на тоа првенство, како и две
во Лигата на шампионите, тој призна дека веста дека клубот се повлекол од било
какво решение за нов договор ја дознал од медиумите.