Ѕвездата на
Евертон, Хамес Родригез според информациите кои пристигнуваат, се вели дека и
натаму има проблем со повредата на тестисите по судирот со Ван Дајк во дербито
со Ливерпул во Премиерлигата.
Колумбискиот
интернационалец и покрај повредата во судирот со Холанѓанецот, кој воопшто не
беше нежен во тој дуел, успеа да го одигра целиот меч, а освен тоа, играше и на
гостувањето кај Саутемптон една седмица подоцна, иако беше под голем знак
прашалник неговиот настап.
Како и да е,
плејмејкерот кој одлично се адаптираше во дресот на „Карамелите“ својата
рехабилитација на повредата ја обавува со помош на една посебна машина за
терапија која се користи конкретно за неговите потреби, известува „Марка
Колумбија“.
Медиумот наведува
дека Родригез користи т.н. „НормаТек“, а за истото потврди и самиот фудбалер
кој објави на социјалните мрежи како тече неговата рехабилитација пред мечот со
Саутемптон.