Нејмар ќе паузира три меча?

by
1 минути читање

Првата ѕвезда на
францускиот првак ПСЖ, Нејмар ќе отсуствува на следните неколку натпревари за
својот тим откако се здоби со повреда на мечот во Лигата на шампионите, појасни
тренерот Томас Тухел по мечот.

ПСЖ има три меча
на програмата пред себе во наредните десет денови, против Нант и Рен во Лиг1,
како и гостувањето кај Лајпциг во третото коло од Лигата на шампионите пред
интернационалната пауза, а Тухел објасни дека Бразилецот би можел да отсуствува
тој период.

Потребно беше да
го повлечам од игра, сега треба да почекаме за да ги видиме резултатите, не
станува збор за сериозна повреда, но тој дефинитивно не се чувствува добро

рече Тухел.

Поради бурниот
распоред кој го имаме пред себе, повредата ќе го чини неколку меча пауза,
меѓутоа не можам со сигурност да потврдам колку ќе отсуствува
“ додаде тој, а
очекувањата се Нејмар да отсуствува на претходно наведените три натпревари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани