Вилијан инсистира
на тоа дека учи многу од својот нов тренер Микел Артета, меѓутоа признава дека
постојат елементи во тактиката на шпанскиот фудбалски стратег кои понекогаш го
прават да се чувствува фрустрирано.
Јасно е дека
Артета посакува своите фудбалери постојано да бидат на своите позиции, а да
бидат и трпеливи во однос на играта со топката, бидејќи, истата ќе пристигне
кај нив со трпелива игра.
„Сево ова е кул,
нов предизвик, ново искуство за мене, досега не сум работел со тренер со таков
начин на размислување“ вели Вилијан за „Глобо Еспорте“.
„Позиционата игра
не значи дека вие немате слобода во просторот на движење на теренот, имате
слобода во движењето, но, првично морате да ја почитувате позицијата, тоа што
го бара тренерот од вас, инструкциите, да разберете на крајот дека сето тоа е
за доброто на тимот“ додаде Бразилецот.
„Ќе се случите да
не дојдете во допир со топката, а ќе бидете фрустриранни поради тоа, но, Микел
постојано го вели истото, чекајте ја вашата минута, топката ќе пристигне, јас
учам многу од него“ заклучи плејмејкерот.
Инаку Вилијан по
петте одиграни меча досега во дресот на „Топчиите“ успеа да запише три
асистенции, а истите ги реализираше уште во првото коло од Премиерлигата во
убедливата победа од 0-3 кај Фулам, победа во која сите асистенции беа зад
името на Бразилецот.