Барселона го доби дербито против Јувентус, тимот на Куман со 2-0 победи во Торино во меч кој ВАР оправдано му поништи три голови на Мората.
Каталонците го отворија резултатот уште во 14. минута кога Дембеле постигна гол за 1-0.
Веќе во следната минута се случи првиот поништен гол на Мората, кој погоди и во 30. и во 55. минута но бадијала, во сите ситуации беше во офсајд.
Ситуацијата за Јуве стана уште полоша во финишот кога Демирал доби втор жолт картон.
Конечните 2-0 ги постави Меси со гол од пенал во судиското продолжение од натпреварот.
Интересно беше на Олд Трафорд каде Манчестер јунајтед со 5-0 го победи Лајпциг.
Гринвуд во 21. минута го отвори резултатот, 1-0 беше се до 74. минута кога Рашфрод зголеми на 2-0. До крајот тој постигна уште два гола за негов хет-трик, еднаш погоди и Марсијал.
Борусија Дортмунд со голови на Санчо од пенал и Халанд, во финишот го скрши отпорот на Зенит и победи со 2-0.
Лук Де Јонг донесе победа на Севиља од 1-0 против Рен.
Лацио одигра 1-1 на гостувањето кај Клуб Бриж, Ференцварош и Динамо Киев одиграа 2-2.
Претходно Челси со 4-0 победи кај Краснодар, ПСЖ со 2-0 славеше кај Башакшехир.