Реал Мадрид
одигра само 2-2 на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах во второто коло од
групите во Лигата на шампионите, а еден доста контроверзен детал од мечот
излезе на виделина и дополнително ги подгреа шпекулациите дека во
соблекувалната на „Кралевите“ има голем проблем.
Камерите ја
уловија комуникацијата помеѓу Бензема и Менди во која напаѓачот го посоветуваше
својот соиграч да не му додава на Винисиус, бидејќи, како што се колнеше самиот
Бензема во тој разговор, Бразилецот играл против Реал Мадрид.
Во анализата за „Скај
Спорт Италија“, поранешниот фудбалер а воедно и легенда на Милан, Алесандро
Костакурта беше зачуден од таквите коментари на Бензема.
„Тоа беше
навистина едно големо изненадување, никогаш не сум слушнал такво нешто, ниту од
тимот каде сум настапувал, ниту пак од спротивниот табор, иако исклучок биле
шегите, како и да е, гледајќи во нивните лица, тие не се шегуваа, тоа го
зборуваа сериозно“ вели Костакурта.
„Сево ова е
навистина без некое логично објаснување, изгледа бизарно, тоа што Бензема го
стори е навистина зачудувачки, се надевам дека Зинедин Зидан ќе го реши овој
проблем и ќе има што да им каже во очи“ додаде тој.