37 годишниот
голман на Вотфорд, Бен Фостер е мошне активен на социјалните мрежи, особено на
„ЈуТјуб“ каде редовно ја отсликува целосната реалност за тоа како течат
подготовките за натпреварите кои се на програмата, а воедно и ја изнесува сета
реална слика од самите натпревари, а тоа го прави од сопствениот гол.
Нема дилеми во
тоа дека интересната идеја на Фостер го привлече вниманието, меѓутоа искусниот
голман сега се соочува со тешка битка да ја задржи објавената видео колекција
на социјалните мрежи бидејќи сето тоа се коси со правилата на Чемпионшипот.
Како што пишува „Дејли
Мејл“, Фостер нема дозвола од Чемпионшип дивизијата да ги покажува јавно
тие снимки, па така на голманот сега му преостанува да се надева дека од
фудбалските власти ќе добие позитивни вести на неговото барање за да ги задржи
веќе објавените видеа на својот профил на „ЈуТјуб“ кој брои 96.000 следбеници, а воедно и да продолжи со својата доста интересна авантура.