Монтреал игра очајно во МЛС
лигата, откако во последните пет меча запиша само една победа, а останатите беа
порази, па така по синоќешниот на свој терен од Нешвил, Тјери Анри ги губи
нервите крај аут линијата, а особено тоа се манифестираше претходното коло во поразот од 3-1 кај Њу Јорк Сити, за што медиумите објавија посебна снимка од Французинот.
Очајното издание
на тимот каде инаку настапуваат Бојан Кркиќ и Винсент Ванјама го налути
францускиот стратег кој бурно реагираше на секоја грешка на своите избраници.
„Шамит, можеш ли
да реализираш додавање со еден топир? Тогаш зошто не го сториш тоа?“ вели во
една прилика Анри кон Канаѓанецот Шамит Шом, кој повторно го налути својот
тренер, па следеше и нова реакција на Французинот.
„Шамит, можеш ли
да застанеш позади него? Не пред него, тоа не е фудбал, тоа не е фудбалско
трчање човеку“, а не ги одмина ниту коментарите кон Мејсон Тоје.
„Мејсон! Еден,
два! Тој го знае тоа, едноставно е, еден два…“ беше неговата следна реакција,
а Французинот воедно му наведе на Тоје да биде погласен во комуникацијата со
поранешната ѕвезда на Тотнем, Виктор Ванјама.