Пропадна и третиот обид на Баерн Минхен да се договори со Алаба за продолжување на соработката

by
1 минути читање

Актуелниот
договор на Давид Алаба со Баерн Минхен истекува идното лето, а 28 годишниот
австриски бек би можел уште во јануарскиот преоден рок да преговара со
заинтересираните екипи за неговиот потпис доколку ништо не се промени, а
интересот за него е голем.

Алаба
импресионира во дресот на „Баварците“, меѓутоа од клубот никако не успеваат да
се договорат за продолжување на соработката, а дека е така потврди и последната
информација која за јавноста ја обзнани новинарот на „Билд“, Кристијан Фалк.

Во однос на
шпекулациите за неговата иднина, Алаба одби да коментира, наведувајќи дека е
целосно посветен на клупските обврски кон Баерн Минхен оваа сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани