Клоп: Повредата на Фабињо е последната работа што они требаше

by
2 минути читање

По повредата на Ван Дајк, Фабињо беше прекомандуван на централната дефанзивна позиција, но синоќа и тој се повреди. Тој заработи повреда на тетивата, а колку време ќе биде надвор од теренот ќе се знае по денешните детални прегледи.

„Ова е точно последната работа која ни требаше. Што да кажам? Знам дека почувствува болка во тетивата и тоа не е добро, тој рече дека не било толку страшно, можел да продолжи да игра но без спринтови, а тоа не помага на таа позиција“, вели Клоп.

„Ќе видиме, повеќе ќе знаеме по скенот, но не е добро, се разбира“.

Во аут поради повреда е и Жоел Матип, па синоќа место Фабињо влезе 19-годишниот Рис Вилијамс кој се уште нема настап во Премиерлигата.

Клоп потврди дека ќе мора на следните мечеви да игра со некој од младите играчи, Вилијамс, Филипс или 17-годишниот Куметио кој штотуку го потпиша првиото професионален договор со Ливерпул.

„Вилијамс беше навстина добар. Се беше мирно околу него. Талентиран е, игра за Англија У20, има 19 години и нема да кажам ништо ново кога ќе речам дека има повеќе минути во Лигата на шампионите отколку во Премиерлигата, се уште не играл во Премиерлигата, но има два настапи во Лигата на шампионите. На двата дуели изгледаше одлично“.

„Покрај Вилијамс, го имаме Натаниел Филипс. Мислевме дека ќе направи трансфер во друг клуб, па не е во составот за Лигата на шампионите, што е удар за нас, но тој ни е опција за централен дефанзивец во другите натпреварувања“.

„Били Куметио не сум сигурен дали од утре ќе може да почне да тренира или не, но ќе се врати на тренинзите, па ќе имаме многу млади и неискусни алтернативи во моментов и ќе мора да избереме некој од нив“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани