По дебаклот против Шахтар, Реал Мадрид беше на прагот на втор пораз по ред во Лигата на шампионите, Борусија Менхенгладбах водеше со 2-0, но кралскиот клуб се спаси на крајот.
Турам во 33. и 58. минута донесе водство на Борусија Менхенгладбах од 2-0, како одминуваше натпреварот се чинеше дека Реал Мадрид ќе го загуби и овој меч, но тоа не се случи.
Во 87. минута Бензема намали на 2-1, а во 93. минута Касемиро од непосредна близина реализираше за конечни 2-2.
Ливерпул со голови на Жота и Салах во второто полувреме дојде до победа од 2-0 против Митјиланд. Црна точка во победата за Клоп беше повредата на Фабињо кој од игра излезе во 30. минута.
Најмногу голови беа постигнати во Мадрид каде Атлетико со 3-2 го победи Салцбург. Фаворитот добро почна, со гол на Љоренте поведе со 1-0, но австријскиот тим преку Шобошлаи и Бериша направи комплетен пресврт.
Херој на Атлетико Мадрид беше Жоао Феликс кој во 52. минута најпрво изедначи на 2-2, а на пет минути пред крајот постигна и победнички гол за конечни 3-2.
Интересно беше на дуелот меѓу Аталанта и Ајакс кој заврши нерешено 2-2. Гостите со голови на Тадиќ и Траоре во првото полувреме водеа со 2-0, но Запата во вториот дел постигна два погодоци за реми.
Манчестер Сити со убедливи 3-0 славеше на гостувањето кај Марсеј, головите ги постигнаа Торес, Гундоган и Стерлинг.
Порто со голови на Виеира и Серхио Оливеира го победи Олимпијакос со 2-0.
Претходо во денот Баерн Минхен со 2-1 славеше кај Локомотив Москва, Шахтар и Интер одиграа без голови.