Засегнатите страни за кратењето на платите седнуваат на маса, ќе падне ли денеска договор во Барса?

by
2 минути читање

На теренот,
Барселона новиот предизвик ја чека на гостувањето кај Јувентус во рамките на
второто коло од групите во Лигата на шампионите, вон теренот, се кројат планови
околу кратењето на платите на фудбалерите поради сериозната финансиска криза
која ја зафати самиот клуб од пандемијата со коронавирусот.

Денеска конечно
фудбалерите седнуваат на маса со раководството на клубот каде ќе се разговара
за идните чекори на клубот, а секако главната тема е токму онаа со платите,
откако првично се започна со преговори помеѓу адвокатите на фудбалерите и
самиот клуб околу условите за 30% помали плати, предлог од самиот клуб.

Пике му го сврте грбот на Меси и го погази својот збор во соблекувалната

Иако првично
постоеше негодување, сепак, и самите фудбалери се свесни дека потребен е
дијалог за да се помине низ кризата, а постои загриженост околу платите на
стручниот штаб и останат персонал кој не е дел од фудбалерите.

Засега, се верува
дека постои согласност кратењето на платите на членовите на стручниот штаб,
како и проспектите во академијата нема да бидат поврзани со сениорскиот тим.

„Марка“ на оваа
тема придодава дека ова е една доста комплицирана ситуација во која се наоѓа
клубот, меѓутоа очекувањата се ситуацијата да прогресира во претстојните
неколку часа каде сите засегнати страни ќе треба да донесат финално решение и
договор пред крајниот рок предвиден на 5. ноември.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани