Претседателот на
ФИФА, Џани Инфантино има позитивен тест за коронавирусот, а од светската
фудбалска организација во денешното соопштение до јавноста наведоа дека
Инфантино имал благи симптоми на вирусот.
По ова, 50
годишниот Инфантино сега е во самоизолација, а според протоколот, ќе остане во
карантин најмалку десет денови, а тој немаше многу патувања изминатиов период.
Инфантино
учествуваше на церемонијата во белата куќа во САД минатиот месец каде ги
нормализираше односите помеѓу Израел и Обединетите Арапски Емирати и Бахреин.
Како што
известуваат во Швајцарија, Инфантино се заразил со вирусот по големиот пораст
на случаи во таа земја, а само од претходниот петок досега беа регистрирани
повеќе од 20,000 позитивни случаи на коронавирус.