Се појавија гласини дека Пол Погба нема да игра за Франција откако претседателот на Макрон излезе со изјава која ги налути муслиманите секаде во светот. Тој меѓудругото рече: „Единството и цврстината се единствените одговори за монструозноста на исламскиот тероризам“.
Погба категорично ги отфрла пишувањата дека нема да игра за Франција, прстот го впери кон весникот „Сан“ и најави тужба, не само за нив туку и за другите кои ја објавиле веста.
„„Сан“ повторно го направи тоа… апсолутно 100% неосновани вести кружат за мене кажувајќи работи кои никогаш не сум ги рекол или помислил. Згрозен сум, лут, шокиран и фрустриран бидеји некои „медиуми“ ме користат за тотално лажни наслови на чувствителни теми кои се дел од овие моментални настани во Франција и додавајќи ја француската фудбалска репрезентација во тој кош“, вели Погба.
„Јас сум против сите форми на терор и насилство. За жал некои луѓе од медиумите не се однесуваат одговорно кога пишуваат вести, ја злоупотребуваат својата слобода на говор, не проверувајќи дали тоа што го пишуваат е вистина, а со тоа создаваат синџир на гласини без да водат грижи дали тоа влијае на мојот живот и животот на моите блиски“.
„Ќе превземам правни активности против објавувачите и оние кои ги шират овие 100 проценти лажни вести. Нормално на „Сан“ не му е грижа за ова, некои од вас момци кога сте оделе во училиште ќе се сетите како вашиот професор ви викал да го проверувате изворот на она што го пишувате, да не објавувате без да бидете сигурни дека тоа е вистина. Но, вие повторно го правите тоа и овој пат на многу сериозна тема, засрамете се!“, напиша Погба.