Дефанзивецот, кој е роден во Малави но како бебе со родителите се преселил во Велика Британија, во 2016 се приклучил на академијата на Манчестер Сити и важел за перспективен играч.
Официјални информации за настанот нема, но се шпекулира дека Џереми Вистен паднал во депресија и си го одзел животот откако „граѓаните“ не му го продолжиле договорот и му дале исписница.
„Сите во Манчестер Сити жалат за смртта на поранешниот младинец Џереми Вистен. Длабоко сочувство до неговото семејство и пријателите. Нашите мисли се со нив во овие тешки времиња“ – гласеше пораката на социјалните мрежи.
Од Џереми Вистен се збогуваа и Рахим Стерлинг и Ајмерик Лапорт, како и неколку поранешни соиграчи од академијата.
The Manchester City family are saddened to learn of the passing of former Academy player Jeremy Wisten. We send our deepest condolences to his friends and family. Our thoughts are with you at this difficult time.
— Manchester City (@ManCity) October 25, 2020