135
Медиумите од
Србија синоќа објавија дека обвинителството ќе бара затворска казна за Лука
Јовиќ поради прекршување на правилата за карантин. Се говори дека на фудбалерот
на Реал Мадрид му били понудено да плати 30.000 евра во добротворни цели, но
откако тој одбил да го стори тоа, била поднесена кривична пријава.
Новинарите од
„Новости“ побарале коментар од таткото на Лука Јовиќ, кој се воздржал и кратко
порачал: „Нема да дадам изјава, ако јас почнам да зборувам, многу луѓе ќе
завршат таму каде што сакате да го сместите Лука – во затвор“.