Бурни реакции во јавноста по објавата на Манчини за коронавирусот (ФОТО)

by
1 минути читање

Италија е една од
најпогодените земји во светот во однос на пандемијата со коронавирусот, а
селекторот на „Аѕурите“, Роберто Манчини предизвика бурни реакции во јавноста
поради една контроверзна објава на социјалните мрежи.

Манчини објави
фотографија на која доктор го прашува пациентот како се заразил со ковид-19,
при што овој одговара дека тоа се случило гледајќи вести, за потоа селекторот на Италија да се правда дека немал лоша намера, а се извини доколку таа објава според многумина побуди лоша слика.

Ја споделив
фотографијата бидејќи истата вади драма во еден доста сложен момент, тоа е
причината за таквата објава. Немаше некоја поконкретна порака, најмалку намера
да се покаже непочитување кон болните и жртвите на оваа зараза, доколку оваа
објава нуди таква слика, јас се извинувам за тоа
“ се правдаше Манчини.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани