По трансферот во
Реал Мадрид вреден 60 милиони евра, Лука Јовиќ постојано е во медиумите поради
погрешни причини. Напаѓачот никако да влезе во голгетерска форма и да ги
искористи шансите кои му ги дава Зинедин Зидин, но е инволвиран во многу
случувања надвор од теренот.
Последните
информации од Србија велат дека Лука Јовиќ може да заврши зад решетки.
Имено, напаѓачот во
март месец ги прекрши правилата за карантин и по пристигнувањето во Белград,
наместо да седи во самоизолација, слободно шеташе.
Против него беше
поднесена пријава, а властите му дале опција да плати 30.000 евра во добротворни цели
за целиот случај да се затвори.
Лука Јовиќ сепак
одбил да го стори тоа, па обвинителството поднело кривична пријава и бара затворска казна од шест
месеци.
Србинот има годишна нето плата
од 5 милиони евра (10 милиони евра бруто), па за 30.000 евра сега може да си
направи сериозни проблеми и да му се уништи кариерата доколку судот му одреди
казна затвор.