Случајот со Озил во Арсенал има политичко-комерцијална позадина?

by
2 минути читање

Добрите познавачи
на случувањата во фудбалот на Островот сигурно добро ќе се присетат на реакцијата на ѕвездата
на Арсенал, Месут Озил кој јавно застана во одбрана на турското малцинство
Ујгури во Кина, а брзо потоа од клубот се оградија од неговите ставови.

Озил го прекина молкот и си ја отвори душата (ФОТО)

Месут и претходно
беше вплеткан во политички ставови, откако застана со поддршка зад првиот човек
на Турција, Реџеп Таип Ердоган, а неговите ставови не наидоа на позитивни
коментари кај Германците, за чија репрезентација настапуваше.

Сепак, објавата
на социјалните мрежи во декември на темата со Ујгурите, на Островот наведуваат
дека била клучна за да почне падот на Озил во составот на Арсенал, каде не само
што е вон комбинација, туку последната одлука на Микел Артета е да не го вметне
ниту во поширокиот состав во Премиерлигата, идентичен е случајот и со Лига
Европа.

Медиумите на
Островот пишуваат дека поради големото присуство на Арсенал од комерцијален
аспект во Кина, од клубот донеле одлука полека но сигурно да се дистанцираат од
фудбалерот, а го наведуваат токму Озил кој наводно лично смета дека тоа се клучните
причини поради кои се наоѓа во таква ситуација во тимот на „Топчиите“.

Еве нешто повеќе
темата со Ујгурите, тие тврдат дека се врши тортура врз нив, и тоа поради
нивната религија, а постојат и обвинувања дека жените биле стерилизирани, се
појавија и информации дека најмалку еден милион Ујгури биле стационирани во
кампови, а Кина за тоа инсистираше дека се работи за реедукативни центри.

Кина од друга
страна пак, тврди дека повеќето Ујгури се екстремисти, сепаратисти, а воедно и
терористи. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани