Баерн почна моќно со четири гола против Атлетико, Лукаку го спаси Интер од пораз (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Баерн Минхен имаше шампионски старт на новата сезона во Лигата на шампионите, Баварците четири пати ја тресеа мрежата на Атлетико, а интересно ниту еден од тие погодоци не беше дело на Левандовски.

Коман ја отвори и ја затвори серијата погодоци, а голови дадоа уште Горецка и Толисо. На почетокот од вториот дел Атлетико Мадрид намали на 2-1, но ВАР му го поништи голот на Жоао Феликс поради офсајд.

Интер не успеа да ја победи Борусија Менхенгладбах на свој терен, одигра само 2-2, Лукаку во судиското продолжение ги спасуваше нероазурите од пораз.

Првиот дел беше без многу возбудувања, заврши 0-0. По само четири минути игра во второто полувреме Лукаку донесе водство од 1-0, но брзо потоа Видал направи прекршок за пенал коој го реализираше Бенсебаини. Хофман во 84. минута погоди за комплетен пресврт и водство на Менхенгладбах од 2-1, но Лукаку пред самиот крај израмни на 2-2.

Ливерпул со автогол на Таљифико во 35. минута победи на гостувањето кај Ајакас со 1-0. Домаќините имаа повеќе шанси за гол, погодија и статива, Фабињо вадеше од гол линија, но мрежата на црвените не се затресе.

Манчестер Сити со пресврт дојде до победа од 3-1 против Порто. Гостите дојдоа во водство со убав гол на Луис Диаз во 14. минута, но само седум минути подоцна домаќините преку Агуеро од пенал изедначија на 1-1.

Во вториот дел Гундоган и Торес постигнаа погодоци за победа на Манчестер Сити од 3-1.

Импресивен настап имаше Аталанта која со 4-0 погоди на гостувањето кај Митјиланд. Запата, Гомез, Муриел и Миранчук беа стрелци на головите за италијанскиот тим.

Олимпијакос во судиското продолжение со гол на Кока го победи Марсеј со 1-0.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани