Елмас речиси три недели е позитивен на коронавирус, Македонецот се уште чека негативен тест

by
1 минути читање

Елиф Елмас се уште чека негативен тест, Џенаро Гатузо на денешната прес конференција откри дека Македонецот заедно со Пјотр Зелински и понатаму се позитивни на коронавирус.

„Зелински и Елмас се позитивни 21 ден, ќе треба да работат напорно за да се вратат во идеална физичка подготвеност“ – вели тренерот на Наполи пред дуелот со АЗ Алкмар во Лига Европа.

„Ќе намправиме неколку измени, 3-4 фудбалери кои не играа против Аталанта ќе добијат шанса. Потребно е да се направи правиот избор, нема да има 9-10 промени. Имаме натпревар на секој три дена, па ќе има место за сите“.

Противникот на Наполи, АЗ Алкмар има дури 13 позитивни случаи на коронавирус, но натпреварот ќе се игра.

„Секако дека има страв, како што имаше пред дуелот со Џенова. Но фудбалот е голем бизнис, се губат многу пари па мора да се игра“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани