Озил го прекина молкот и си ја отвори душата (ФОТО)

by
10 минути читање

Озил е најплатениот фудбалер во историјата на Арсенал, но можеби веќе го одигра својот последен натпревар за лондонскиот клуб. Тој не е регистриран во составот за Премиерлигата, ниту во тој за Лига Европа.

Поранешниот германски репрезентативец си ја отвори душата преку својот инстаграм профил и кажа што мисли за целата ситуација.

„Ова е тешка порака која ја пишувам за фановите на Арсенал за кој играв во изминатите неколку години. Јас сум длабоко разочаран од фактот дека не бев регистриран за настап во Премиерлигата оваа сезона. Со потпишувањето на новиот договор во 2018 година покажав лојалност и верност кон клубот кој го сакам, Арсенал и жалам што тоа не е возвратено. Сега дознав дека е тешко да најдеш лојалност во овие денови. Отсекогаш се обидував да останам позитивен и од недела во недела се надевав дека можеби ќе добијам шанса да се вратам во тимот наскоро. Затоа молчев досега“, вели Озил и продолжува:

„Пред паузата поради коронавирусот бев навистина среќен со развојот на ситуацијата под водство на нашиот нов тренер Микел Артета, бевме на позитивен пат и би рекол дека моите перформанси беа навистина на добро ниво“.

„Но потоа работите повторно се променија, и не ми беше дозволено да играм фудбал за Арсенал. Што може друго да кажам? Лондон се уште го чувствувам како мој дом, се уште имам многу добри пријатели во овој тим и се уште чувствувам голема конекција со фановите на овој клуб. Без разлика на се, јас ќе продолжам да се борам за мојата шанса и нема да дозволам мојата одма сезона во Арсенал да заврши вака. Можам да ви ветам дека оваа тешка одлука нема да промени ништо во моето размислување, јас ќе продолжам да тренирам најдобро што можам и секогаш кога е можно ќе го кренам мојот глас против нечовечноста и неправдата“.

View this post on Instagram

This is a difficult message to write to the @Arsenal fans that I’ve played for over the past few years. I’m really deeply disappointed by the fact that I have not been registered for the @premierleague season for the time being. Upon signing my new contract in 2018, I pledged my loyalty and allegiance to the club that I love, Arsenal, and it saddens me that this has not been reciprocated. As I have just found out, loyalty is hard to come by nowadays. I’ve always tried to remain positive from week to week that there’s maybe a chance to get back in the squad soon again. That’s why I kept silent so far. Before the Coronavirus break I was really happy with the development under our new coach Mikel Arteta – we’ve been on a positive way and I would say my performances were on a really good level. But then things changed, again, and I was not longer allowed to play football for Arsenal. What else can I say? London still feels like home, I still have many good friends in this team, and I still feel a strong connection with the fans of this club. No matter what, I will keep fighting for my chance and not let my 8th season at Arsenal end like this. I can promise you that this hard decision won’t change anything in my mindset – I will continue to train as best as I can and wherever possible use my voice against inhumanity and for justice. #M1Ö #YaGunnersYa

A post shared by Mesut Özil (@m10_official) on

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани