Манчестер
јунајтед триумфално мина низ Париз совладувајќи го ПСЖ со 1-2 на гостувањето во
рамките на првото коло од групната фаза во Лигата на шампионите.
Навивачите на „Црвените
ѓаволи“ имаат повеќе причини за задоволство од синоќешната победа, но, веројатно
најголемото задоволство доаѓа од изданието на голманот Давид Де Хеа, кој синоќа
ја затвори ролетната од својот гол.
Шпанецот
статистички беше неверојатен, имаше пет одбрани, а дополнителни на три пати
реагираше врвно со интервенции во казнениот простор, па на крајот и повеќе од
заслужено се здоби со признанието играч на мечот.
Де Хеа подолг
период го одбележуваа киксови на голот на Манчестер јунајтед, каде во новата
сезона доби голема конкуренција во Дин Хендерсон, меѓутоа по овие перформанси
Шпанецот јасно потврди кој е кој во Манчестер јунајтед…