Поранешниот член
на Манчестер јунајтед, а воедно и легенда на тој клуб, некогаш незаменливиот
стопер Рио Фердинанд упати честитки и пофалби за Маркус Рашфорд по неговото
одлично издание против ПСЖ синоќа во Лигата на шампионите.
Токму Рашфорд беше
стрелец на победоносниот гол за 1-2 во завршницата од пресметката во Париз, а
тоа е негов четврти погодок во новата сезона, со што од Рио Фердинанд доби
препорака да оди по патот на Вејн Руни, но, најпрво да ја подобри ужасната
страна од својата игра, алудирајќи на тоа дека му се потребни и помалку убави голови на своето конто.
„Потребен му е
некој дополнителен елемент, неколку скромни погодоци во сезона“ вели Фердинанд.
„Вејн Руни, кога
пристигна во Манчестер јунајтед, постигнуваше неверојатни погодоци, но, тој не
ги постигнуваше оние ужасни голови, меѓутоа потоа и тоа го вметна во својата
игра“ додава поранешниот стопер.
„Маркус погодува,
а воедно креира големи шанси за погодоци исто така, доколку само може да ја
подобри онаа ужасна, грда страна во својата игра, ова момче ќе биде неверојатно
добар“ заклучи Фердинанд наведувајќи дека на офанзивецот му недостасуваат и оние помалку убави голови..