186
Натпреварот беше изедначен, Лидс имаше повеќе од играта, напаѓаше, а Вулвс преку контри се обидуваше да го загрози голот на домаќините.
Во 53. минута прв пат беше затресена мрежата, Саис постигна гол, но му беше поништен поради офсајд од Поденс во зачетокот на акцијата.
Во 70. минута одлична соло акција на Раул Хименез, топката со помош на одбраната на Лидс влезе во голот за водство од 1-0 кое значеше и три бода.
Нашиот репрезентативец, Езгјан Алиоски остана на клупата за резерви на овој меч.