Ван Дајк: Ви благодарам за поддршката, ќе се вратам посилен од било кога (ФОТО)

by
2 минути читање

Големи проблеми
за Ливерпул во дефанзивната линија по повредата на стоперот Вирџил ван Дајк, за
кого и повеќе од извесно е дека сезоната веќе заврши по повредата со која се
здоби на градското дерби против Евертон кое заврши 2-2.

Холанѓанецот се
судри со голманот на Евертон, Џордан Пикфорд по само шест минути игра, а во
соопштението кое го објавија од Ливерпул, во кое потврдија дека Ван Дајк ќе
мора да оди на операција за коленото, не посочија конкретно кога би можел тој
да се врати на терените.

Ван Дајк се одзва
во јавноста со писмо на социјалните мрежи, во кое се заблагодари на големата
поддршка која ја добил, а увери и дека ќе се врати подобар од било кога.

И покрај ова
разочарување, јас верувам дека со божја помош ќе се вратам дури и подобар,
посилен од било кога
“ се вели во дел од неговото писмо.

Во фудбалот,
исто како и општо во животот, верувам дека се
се случува со причина, со поддршката од мојата
сопруга, децата, семејството, како и сите во Ливерпул, подготвен сум за овој
предизвик
“ додава тој.

Би сакал да се
заблагодарам на сите за пораките со поддршка кои ги добив, сето тоа има огромно
значење за мене и моето семејство, а сега ќе сторам се
што е можно да ги поддржам моите соиграчи на било
каков начин и да можам во пресрет на неколкуте големи седмици, а мојата
рехабилитација ќе се одвива од ден за ден. Ќе се вратам.
“ заклучи Ван Дајк. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани