На 39-години Ибрахимовиќ е главен игра на Милан, не само на теренот туку и воопшто, во соблекувалната, на тренинзите. Откако пристигна на Сан Сиро тимот препороди, Златан внесе победнички менталитет и тоа јасно се гледа на натпреварите.
„Си го знам нивото. По тешката повреда, заминав во САД со цел да се почувствувам повторно жив. Му кажав на Жозе Мурињо во Манчестер јунајтед дека не бев подготвен, дека не сакам да бидам разочарување, па отидов во Америка“, вели Ибра.
„Мино Рајола ми рече да се вратам во Европа, ми кажаа дека сум му потребен на Милан, па се вратив. Сега се чувствувам како покомплетен фудбалер од пред десет години. Доколку моето фитнес ниво беше како пред 10 години, никој немаше да ме сопре. Но не можат ниту сега“.
„Тренирам напорно, играм со искуство и соиграчи кои се подготвени да помогнат. Не прифаќам нивно опшутање, ниту на тренинг ниту на меч. Мора секогаш да тренираме 200 проценти“.
„Јас сум најстар во тимот и чувствувам одговорност и го сакам тоа чувство, се додека останатите го следеат моето водство ќе бидеме гладни за победи“.