151
По Севиља и Реал
Мадрид, без бодови денеска остана и Барселона. „Каталонците“ загубија на гостувањето
кај Хетафе со 1-0.
Барса беше
подобар противник во првиот дел, Меси ја погоди стативата а Гризман изби сам
пред голманот, но биеше над голот.
Казната за ова
стигна по десетина минуги игра во второто полурвреме. Де Јонг реагираше наивно
и направи пенал а Мата од белата точка погоди за 1-0.
Гостите потоа
тешко доаѓаа до шанса за гол, се заканија во неколку наврати во финишот, беше
затресена и пречката, но мрежите мируваа, па Роналд Куман го забележа првиот
пораз на кормилото на Барселона a Хетафе се радуваше на првата победа над „каталонците“ по 2011.