Милан го задржа
100% учинок и ја забележа победата број четири на стартот од сезоната, избраниците
на Пиоли вечерва славеа во градското дерби против Интер.
Златан
Ибрахимовиќ се врати во тимот по позитивниот тест на коронавирус и со два гола
донесе триумф од 1-2.
Швеѓанецот изнуди
пенал по еден несмасен старт на Коларов, промаши од белата точка но прв стигна
до одбиената топка и од втора го матираше Хандановиќ за 0-1 во 13. минута.
Три мунути
подоцна, Лео одлично го проигра Ибра за водство од 0-2.
Интер се врати во
игра во 28. минута, Перишиќ продре по левата страна и го проигра Лукаку за 1-2.
Барела потоа
пропушти добра шанса за изедначување, како и Лукаку, кој пред крајот на првото
полувреме со глава биеше крај голот.
Во продолжението
од мечот падна темпото, немаше толку многу шанси но имаше неколку возбудливи
моменти.
Судијата покажа
на белата точка по еден старт на Донарума врз Лукаку, но со ВАВ беше преиначена
одлуката и беше досуден офсајд. Во последните минути, Лукаку имаше две шанси,
во првиот обид биеше крај голот, а во вториот, атрактивно со пета биеше право
до Донарума.