Интернационалната
пауза конечно заврши, и тоа веројатно најмногу на радост на седумте милиони
натпреварувачи низ светот на „Фантази Премиерлигата“, од кои над седум илјади
се токму од нашата земја.
Се враќаат
возбудувањата во Премиерлигата, а ние продолжуваме со анализите за мега
популарната платформа која нуди голем натпреварувачки ритам кој мора постојано
да се следи, па така добредојдовте во најновата анализа од едицијата „24фудбал
скаут фантази“.
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad
Традиционално, во
воведниот дел ќе се осврнеме на еден краток осврт на случувањата од претходното
коло, каде забележавме неколку доста неочекувани резултати, од кои секако за
издвојување се победата на Тотнем кај Манчестер јунајтед со неверојатни 1-6,
особено онаа на Астон Вила на домашен терен против шампионот Ливерпул со 7-2.
Тоа што нам
секако не радува, е фактот што претходната анализа донесе 86 освоени бода, во
коло каде просекот на освоени бодови изнесуваше 48, а покрај убедливиот пораз
на Ливерпул, за среќа капитенот Салах со своите два погодоци донесе вкупно 26
бода со капитентската лента која му ја доверивме.
Претходната
анализа: Два меча во низа за Кастањ сопротивници по мерка
Од останатиот
избор кој го препорачавме, уште еднаш се потврди како одлична тактика ротацијата
помеѓу Алекс МекКартни од Саутемптон, односно Метју Рајан од Брајтон, откако
првиот запиша одлични 9 бода во победата од 2-0 против ВБА.
Понатаму, јасно
наведовме дека Хамес Родригез е фудбалерот кој морате да го имате за
претходното коло, а Колумбиецот во победата на Евертон од 4-2 против Брајтон
реализираше два гола и една асистенција, со што запиша 18 бода.
Бруно Фернандеш
постигна гол за Манчестер јунајтед, а Каи Хаверц полека но сигурно фаќа ритам,
па запиша една асистенција, Калум Вилсон исто така беше одличен забележувајќи
фантастичен скор од 16 бода во победата на Њукасл над Барнли од 3-1, со тоа што
напаѓачот реализираше два гола и една асистенција. Разочарувањето за нас е
Тимоти Кастањ, Белгиецот целосно влезе во сивилото на Лестер во домашната
победа од Вест Хем со 0-3, но, никако не ја губиме довербата во бекот кој
моментално има најмногу освоени бодови кај дефанзивците.
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad
Се префрламе кај
трансферите, таму имаме и повеќе од јасна слика за актуелните случувања,
односно за тоа што ни претстои викендов, меѓутоа ќе наведеме дека потребна е
доза на претпазливост.
Сон игра во
животна форма, офанзивецот погоди два пати во убедливата победа на Тотнем кај
Манчестер јунајтед, а притоа запиша и една асистенција, иако се најавуваше дека
ќе отсуствува поради повреда, на крајот запиша 18 бода, па токму Кореецот е
најкупуван за претстојното ново коло со над еден милион натпреварувачи кои
решија да му укажат доверба.
На оваа листа се
придодаваат и Хамес Родригез од Евертон, како и неговиот соиграч Калверт-Луин.
Натпреварувачите го наградија импресивното издание на Џек Грилиш во победата на
Астон Вила против Ливерпул, а тука е воедно и Хари Кејн од Тотнем кој има
најмногу освоени бодови во генералниот пласман кај напаѓачите.
Во однос на
листата на најпродавани фудбалери, прв е повредениот Кевин Де Брујне од
Манчестер Сити, за кого денеска излезе и потврда дека освен викендов во дербито
со Арсенал, ќе отсуствува уште неколку натпревари дополнително поради повреда.
Понатаму на оваа листа се уште и Пјер-Емерик Обамејанг од Арсенал, Тимо Вернер
од Челси, Алисон Бекер од Ливерпул, како и Ентони Марсијал од Манчестер
јунајтед. Воглавно листата е составена од фудбалери кои ќе отсуствуваат, освен
Вернер кај кого натпреварувачите ја губат и последната доверба.
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad
Со оглед на
фактот што уште пред самиот старт на новата сезона препорачавме ротација помеѓу
Алекс МекКартни од Саутемптон и Метју Рајан од Брајтон на голманската позиција,
овој пат ќе го препорачаме Рајан (4.5) кој го очекува гостување кај Кристал
Палас, иако реално постојат подобри опции за ова коло, сепак, остануваме на
ставот да селектираме на подолг рок, што досега носи резултати.
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad
Повторно го
селектираме Тимоти Кастањ (5.8) кој со Лестер ова коло на домашен терен го
пречекува составот на Астон Вила, а од Белгиецот овој пат очекуваме да
допринесе и со нешто повеќе од клин-шит, иако гостите сигурно ќе добијат ветер
во грб по победата над шампионот Ливерпул со огромни 7-2 претходното коло.
Серхио Регилон (5.5)
имаше и повеќе од солидни 90 минути во победата кај Манчестер јунајтед, иако
освои само два бода, сепак, ова коло пред себе за противник иако го има
незгодниот Вест Хем, очекуваме да стори нешто повеќе во однос на претходно,
барем така ветува првиот впечаток од него.
Имаме навистина
големи очекувања од Алекс Телес (5.5), новото големо засилување за Манчестер
јунајтед кое и повеќе од сигурни сме дека ќе го пресели на клупата за резерви
Лук Шо. Ова коло „Црвените ѓаволи“ гостуваат кај Њукасл во обид да се поправат
по шокот доживеан на свој терен од Тотнем, а Телеш има извонредни перформанси
во офанзивниот дел од играта, иако не сме сигурни дека ќе стартува од првата
минута на „Сент Џејмс Парк“.
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad
Со оглед на формациската
поставеност која ја препорачуваме, а гласи 3-5-2 за ова коло, сега се префрламе
кај изборот во средниот ред, а таму ќе започнеме со неверојатниот Сон (9.1),
кој иако беше доста неизвесен за претходното коло, сепак стартуваше од првата
минута и беше клучен во понижувањето на Манчестер јунајтед. Не чуди воопшто
фактот што над еден милион натпреварувачи се решија да го купат за ова коло.
Инаку, Кореецот во четири натпревари досега постигна шест погодоци, а притоа
запиша и една асистенција.
Иако пред него е
дерби пресметка против екипа која реализираше четири победи од исто толку и
одиграни натпревари, првата ѕвезда на Ливерпул, Мохамед Салах (12.3) е фудбалер
без кого дефинитивно не можете, прв пеналџија во својот тим, а воедно и прва
опасност кон голот на противникот, Египјанецот може да го сопре налетот на
Евертон на стартот од новата сезона.
Манчестер јунајтед
е во одредена криза, „Црвените ѓаволи“ ќе мораат да се поправат за шокот од
Тотнем, па тоа ќе може да го сторат на гостувањето кај Њукасл, а селектирањето
на Маркус Рашфорд (9.5) нема никаква поврзаност со шпекулациите за разнишаниот
однос помеѓу тренерот Оле Гунар Солшер и Бруно Фернандеш, кој можеби за
многумина е подобар избор во однос на Рашфорд. Како и да е, веруваме дека
фактот што англискиот репрезентативец не е под притисок од јавноста во целата
новонастаната ситуација во клубот, ќе може да донесе бенефит од неговиот избор.
Нема дилеми во
тоа дека на одличниот Каи Хаверц (8.4) ќе му биде потребен одреден период за
адаптација во Челси, меѓутоа Германецот веќе две кола во низа бележи по една
асистенција, што нам ни дава увертира за нешто повеќе од тоа, а зошто да не се
случи во дуелот против Саутемптон на домашен терен.
Евертон ќе се
обиде да продолжи со победничката низа, но тоа ќе биде навистина тешко против
Ливерпул, иако гостите се под притисок по високиот пораз кај Астон Вила од 7-2.
Сигурно дека Хамес Родригез (7.8) ќе има мотив повеќе за докажување на дербито,
па изборот на Колумбиецот воедно ќе ви донесе и добар распоред во
продолжението.
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad
Александар Митровиќ (5.9) е фудбалерот од кого
дефинитивно зависат многу работи во Фулам, клуб кого дефинитивно го очекува
грчевита битка за опстанок во елитното друштво, иако е рано да судиме, сепак
многумина го делат истото мислење. Со оглед на околностите, Србинот ќе биде прва
опасност кон голот на Шефилд Јунајтед викендов, противник кој исто така не може
да се пофали со добар старт на сезоната.
Освен Митровиќ,
имате уште една исплатлива инвестиција во однос на напаѓачите, тоа е Џордан Аје
(5.8) од Кристал Палас, кој пред себе за противник ќе го има Брајтон, чиј
голман веќе наведовме во селекцијата, но, и покрај тоа Аје е навистина и повеќе
од солиден избор во однос на поевтините напаѓачи, со што оставате голем простор
за ефикасен среден ред, тактика која ја препорачавме уште пред стартот на
сезоната.
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad
Предлог-состав: Рајан (4.5); Кастањ (5.8), Регилон (5.5), Телес (5.5); Сон (9.1), Салах (12.3), Рашфорд (9.5), Хаверц
(8.4), Родригез (7.8); Митровиќ
(5.9), Aje (5.8)
Капитен: Сон
Заменик-капитен: Хаверц
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad
Заокружуваме со
актуелните случувања во лигата на Македонија, како и 24фудбал.
Во генералниот
пласман каде учество имаат сите натпреварувачи од нашата земја, лидер е Петар
Трајковски со досега освоени 324 бода, имате можност да се запознаете со
неговиот избор од претходното коло.
Што се однесува
пак до табелата во лигата на 24фудбал, таму лидер е Живко Тасев со досега
освоени 302 бода, имате можност да го разгледате и неговиот избор од
претходното коло.
Среќно до сите натпреварувачи
во новото коло, не заборавајте да се приклучите во лигата на 24фудбал, кодот е
следен: unckad