Конте тврди дека ќе има простор за Ериксен

by
1 минути читање

Шефот на
стручниот штаб на Интер, Антонио Конте вели дека ќе има простор за Кристијан
Ериксен во тимот, додаде дека очекува долга и исцрпувачка сезона.

Ериксен се враќа
од интернационалната пауза во Интер, откако во дресот на Данска постигна три
погодоци во исто толку и одиграни натпревари, а Конте не крие дека во план му е
да ротира во периодот кој претстои, а се чини дека Данецот ќе добие поголема
прилика.

Доколку тој игра
помалку или повеќе во Интер, не знам… за мене, тој игра онолку колку што го
почитува тимот
“ вели Конте.

И јас можам да
направам грешки во мојата работа, но среќен сум поради тоа што Ериксен го
внесува во тимот, се надевам и тој е исто среќен, ќе има простор за него, исто
како и за останатите во тимот, ова ќе биде долга и исцрпувачка сезона
“ додаде
италијанскиот фудбалски стратег.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×